Прес-конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата - Даниел Јаневски 13.12.2023

Опубликовано: 13 Декабрь 2023
на канале: ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес
565
5

Почитувани граѓани,

Благодарение на цврстата решителност за правилна распределба на преостанати средства од буџетот на Република Македонија за 2023-та година, пред два дена Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија, изгласа амндман поднесен од пратениците Игор Здравковски, Игор Јанушев и Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на “Проект за реконструкција на спортски терени и поставување на урбана опрема на локација во Општина Велес, населба Превалец, со кој на Општина Велес и беа доделени средства во износ 24,000,000 денари.

На денешната 44-та седница на Совет на Општина Велес, градоначaлникот Марко Колев, поднесе амандман со кој што овие средства треба да станат составен дел на Буџетот на Општина Велес за 2023-та година. Точката во чиј состав влезе овој амандман беше поддржана од Советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а истиот не беше поддржан од советничкитa групa на СДС.

На кого и зошто им смета изградба на еден ваков спортско рекреативен комплекс во населба Превалец?

Дали изостана поддршката само поради фактот дека истиот е издејствуван од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Градоначалникот и со заложба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Дали оваквото нивно однесување е резултат на гневот поради нерамномерната распределба на средствата внатре помеѓу ДУИ и помалиот коалционен партнер СДС?

Без разлика на се, горди сме што населба Превалец и Општина Велес ќе добијат оваков современ спортско рекреативен комплекс, токму на оваа парцела позади нас.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму со сериозни заложби и за останатите населби во Општина Велес, да добијат вакви и слични проекти.

Ви благодарам.