Почитувани велешани, интензивната работа на Градоначалникот и реализираните проекти не може да се сокријат.
Тие се тука и се видливи за сите.
-Во време кога Велес наскоро со новата развојна програма ќе биде во целост осветлен со лед светилки,
-Во време кога е на повидок отварањето на стационарот за кучиња во Кавадарци кој ќе го реши проблемот со кучињата скитници,
-Во време кога улиците во Велес се бетонираат и асфалтираат во сите делови на градот
-Кога садниците и зелените површини целосно го менуваат ликот на градот,
-Токму тогаш, во присуство на конфузија и немоќ, СДСМ вчера, на лошо прочитаната прес конференција, се обиде по незнам кој пат, да ја оцрни работата на локалната власт, а со тоа и да ја дефокусираат јавноста од реализираните проекти на ВМРО ДПМНЕ, во целосно отсуство на аргументи.
Овојпат бесрамно, со манипулации и политички крајно некоректно, удрија директно врз семејството на директорот на ЈКП Дервен, Горан Наунчев, спомнувајќи ја неговата сопруга во контекст на судир на интереси и несоодветно образование кое патем законски мора да е пропишано и соодветно во систематизацијата на установата во која работи.
Заборавија да споменат, како токму таа беше и претходно вработена во општина,на истата работна позиција за подоцна брутално и противправно да биде избркана од работа по доаѓањето на СДСМ на власт за кое има и соодветно добиена тужба.
Многу кажаа, но заборавија да споменат во каква финансиска катастрофа и нефункционалност го оставија ЈКП Дервен. Си поиграа со фрапантни и згрозувачки цифри од Програмата за паркови и зеленило, која патем е јавна и ја донесува Советот на Општина Велес, а изнесува приближно исто средства како и минатите години.
Почитувани господа од СДСМ, не треба да сте многу паметни за да знаете дека во зима улиците не се перат секојдневно, а се раскопуваат токму поради тоа што се реконструираат.Денес се ќе беше поинаку ако за време од Вашето 4 годишно управуање со градот реализиравте нешто повеќе од 10% од предизборната програма.
Следствено на тоа ве стаса казната од граѓаните на последните избори.
Денес во Велес сликата е поинаква. Велес е чист град со нови цветни површини и урбана опрема.
Излезете од вашето ново партиско седиште и прошетајте низ Велес, но не за да го видите ова, туку за да слушнете што мислат граѓаните за нашата, а што за вашата работа, од позиција на централна власт. За едно ќе се согласиме, граѓаните будно ја следат и нашата и вашата работа.
Издржете!
За само неколку месеци ќе ви кажат каде ви е местото на политичката сцена од чии резултати и самите ќе се срамите.
Благодарам.