Прес-конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата - Елизабета Митревска 14.11.2023

Опубликовано: 14 Ноябрь 2023
на канале: ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес
220
4

Почитувани велешaни,

Како Советници од локалната власт, чест ни е да го најавиме градежниот бум кој ни следува во иднина.
Градежната експанзија започнува токму сега,токму денес , со четири Развојни програми за следните неколку години, донесени на денешната 42 седница на Советот на Општина Велес.

Високо реализираната приходна страна на Буџетот на Општина Велес во изминатиов период создаде стимулативна средина за Градоначалникот и Советот на Општина Велес да планираат Развојни програми кои во целост ќе ја сменат сликата на градот и воедно ќе влијаат на квалитетот на живеење на велешани.
Штотуку финишира Развојната програма која најавуваше реконструкција на дел од улиците кои гравитираат околу новоизградениот градски пазар, поточно :

1. Реконструкција на ул. Петре Прличков, во должина од 221,26 метри.
2. Реконструкција на ул.Кресненско Востание, во должина од 104,42 метри.
3. Реконструкција на ул.Нада Бутникошарова во должина од 161,56 метри и реконструкија на пешачка улица во должина од 177,62 метри.

Со донесувањето на План на програма за развој на денешнава седница, на повидок се вкупно 665м. асфалтиран пат во најфрекфентниот дел од градот, кој години наназад беше тесно грло со оштетени улици.

Новата уличната инфраструктура околу градскиот пазар ќе ги решат долгогодишните проблеми и сообраќајниот хаос и притоа ќе се создадат услови за непречен пристап на граѓаните, трговците и дистрибутерите до пазарот.

Втората Развојна програма предвидува од средината на 2024 година да започне проектот за целосно осветлување на Велес, со замена на сите постоечки 4543 натриумови сијалици со LED паметни светилки. Со овој проект ќе се постигне квалитетно осветлување на велешките улици, а воедно за три пати ќе се намали потрошена електрична енергија. Велес ќе добие лик на модерен, убав и светол град, онаков каков што заслужуваат велешани, а воедно и ќе се решат долгогодишните проблеми се улично осветлување.

Трета развојна офанзива опфаќа реконструкција на четири улици со вкупна должина од 2.476м.
Планирани се следниве :
-Раштански пат од улица Андон Шурков до Ветеринарната станица;
-улица Димитар Влахов до кружната раскрсница пред стоковната куќа; -улица Борис Трајковски од спојот со АСНОМ до спој со улица Благој Ѓорев;
дел од улица Алексо Демниевски Бауман почнувајќи од Пошта, до спој со улица Наум Наумовски Борче со решавање на раскрсницата. ....



Реализацијата на оваа обемна Програма, се очекува да финишира во втората половина од 2024 година.

Со реконструираните улици ќе се создадат услови за нормално функционирање на локалната патна мрежа која што во голема мера е оштетена од секојдневното користење како и приклучување на новоизградените објекти на комуналната инфраструктура. Со реконструкцијата ќе се добие нов лик на најоштетените делови од сообраќајниците.

Почитувани граѓани !
....Многупати за Велес слушавме дека е :
,,Град кој река има но кеј нема,,.

За поздрав е последната Развојна програма со која ќе продолжи изградбата на започнатиот кеј со нови 258 м ,од Мало мовче до Стар мост, со што речното корито ќе добие достоинствен кеј, кеј за прошетки, спортски активности и други интересни содржини,кеј на кој ќе се родат нови велешки приказни .

Велес се сака со работа !
Велес се сака со срце и душа !

Како советници работиме за Велес каков што заслужувате вие, почитувани Велешани.