Ќе ја исправи државата неправдата кон докторот кој на коњ на минус 15 степени, по снег патува со часови за да стигне до своите пациенти. На докторот што 17 години, секој ден по 24 часа е на располагање на своите пациенти, државата 10 години не му плаќала надоместок за одалеченост и рурална средина и со тоа му должи 20 000 евра.